За проектот за колонизација на Марс одбрани се 52 доброволци од Русија

Од Русија се одбрани 52 доброволци за проектот за колонизација на Марс кој го реализира холандската компанија Mars One. Компанијата планира до 2023 година да создаде постојана база на Црвената планета.

Како што соопштија организаторите на проектот, до 31 август минатата година се регистрирале 200.000 доброволци на интернет-страницата на компанијата од 107 држави. Во првиот круг одбрани се 1.058 кандидати.

Секоја група ќе има по 4 членови, а првите шест групи ќе се формираат до 2015 година, после што ќе се започне со седумгодишната подготовка за лет на Марс, за живот и работа на таа планета. Се претпоставува дека на Марс најпрвин ќе бидат испратени роботи кои од 2016 до 2020 година ќе изградат станбени и службени модули. Вселенскиот лет на првите жители на Марс е планиран за 2022 година, а истиот би требало да трае 7 месеци. Потоа секоја трета година ќе заминува нова група колонисти. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња