Спасена е првата група од рускиот брод „Академик Шокалски“

Првата група од рускиот брод „Академик Шокалски“, кој е заглавен во мразот недалеку од Антарктикот, успешно е евакуирана со хеликоптер и префрлена на австралискиот мразокршач „Аурора Аустралис“.

Првата група од рускиот брод „Академик Шокалски“, кој е заглавен во мразот недалеку од Антарктикот, успешно е евакуирана со хеликоптер и префрлена на австралискиот мразокршач „Аурора Аустралис“.

Како што пренесува Австралиската управа за поморска безбедност, „превезени се првите 12 патници.“ Сите останати патници и членови на екипажот треба да бидат евакуирани во текот на наредните 5-6 часа. Хеликоптерот треба да изврши вкупно 7 летови. Спасувачите треба да ги префрлат од бродот опремата и багажот.

На бродот се наоѓаа вкупно 74 лица. Според информацијата на МНР на Русија, сите членови на екипажот и учесниците во експедицијата се здрави и не се во животна опасност. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња