Отсега сателити ќе ги бараат нелегалните депонии на отпад во Русија. Станува збор за специјално разработена програма од страна на соработник на Кубанскиот државен универзитет која овозможува пронаоѓање територии со отпад благодарејќи на снимките од вселената, пренесува РИА Новости.
Составот на еколошки мониторинг ги обработува информациите добиени од сателитите и автоматски ја бои картата од површината на Земјата и сето тоа се следи на монитор, известува vesti.ru. Со црна боја се потцртува оној дел кој не може да се дешифрира, со зелена земјоделските растенија и грмушки, а црвената ја означува територијата натрупана со отпад.
Проектот во склоп на кој со снимките добиени од сателитите се дешифрираат со помош на специјална програма е прилично популарен. Но засега практична примена има добиено само во Кубанскиот информационо – аналитички центар за економски мониторинг.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче