Од Хабаровски, од каде што им ја честита Нова година на руските граѓани, Путин допатува во Волгоград каде што одржа советување за борба против тероризмот. „Одвратноста на злосторствата извршени овде во Волгоград е таква што дополнителен коментар не е потребен. Злосторниците како и да ги објаснуваат своите акции, не постои оправдување за злосторства кон цивили, особено жени и деца“ – изјави Путин отворајќи го советувањето. Претседателот им предложи на учесниците на советувањето да го разгледаат она „што се случува овде и во целата земја со цел да се обезбеди безбедноста на граѓаните“, а исто така и за дополнителните мерки кои што ги преземаат правосудните органи и специјалните служби.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче