Нуклеарната подморница „Северодвинск“ од проектот 885 „Јасен“, официјално е предадена на Воената морнарица на РФ, соопштува Интерфакс.
„Северодвинск“ е главна подморница на овој проект. Нејзината изградба започнала 1993 година во бродоградилиштето „Севмаш“. Првобитно беше планирано подморницата да и биде предадена на Воената морнарица во 2011 година, но примопредавањето повеќепати беше одложувано од технички причини.
Подморницата има десет торпедни апарати со калибар 553 мм и лансирни рампи за крстосувачки ракети „Калибар“ и „Оникс“ (вкупно 24 броја). Посебна е по тоа што торпедните апарати не се сместени на клунот, туку зад централната комора, така што на клунот е ослободен простор за голема хидроакустична антена.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче