Американски боксер одлучил да стане државјанин на РФ „поради рускиот народ“

Легендарниот американски боксер Рој Џонс посака да стане државјанин на РФ, бидејќи ја осетил љубовта на рускиот народ, вели неговиот менаџер Владимир Хрунов.

Легендарниот американски боксер Рој Џонс посака да стане државјанин на РФ, бидејќи ја осетил љубовта на рускиот народ, вели неговиот менаџер Владимир Хрунов.

„Што ќе му е руско државјанство на Џонс? Тој ја осетил огромната љубов на рускиот народ. На неговото шоу во Јакутск дојдоа 17 илјади луѓе. Џонс планира да работи и да плаќа даноци во Русија“, рече Хрунов. Според неговите зборови, Џонс во Русија покрај со бокс, ќе се занимава и со музика. Добитникот на сребрен медал на Олимпијадата во 1998 година, порано неколку пати има изразувано желба за да добие руско државјанство. Во јануари Џонс ќе наполни 45 години. Во професионалниот ринг досега бил на 65 борби, од кои што 57 победи (40 нокаути) и 8 порази (4 нокаути).  Досега во Русија Џонс има одржано две борби. Во мај 2011 година, ја изгуби борбата со нокаут од Русинот Денис Лебедев, а во декември 2013 на поени го победи Зинедин Бенмаклуф од Франција.        

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.