Автомобилот има подобрен мотор со волумен од 1.6 литри и јачина од 120 коњски сили. Прв пат се појавил во продажба пролетта 2013 во специјализирани дилерски центри Лада Спорт кои по својот изглед се разликуваат од обичните автомобилски салони. „Во наредната година очекуваме продажбата да биде уште подобра, а ќе имаме и поголем број на дилери кои што ќе го продаваат моделот Лада Гранта Спорт. Во моментот имаме повеќе порачки за автомобили, отколку што можеме да произведеме, што е добар знак. Тоа значи дека автомобилот го има пронајдено својот купувач и сега можеме да го зголемиме производството на овој модел“, вели Александар Бредихин, началник на одделот за маркетинг на „АвтоВАЗ“.
Според зборовите на Бредихин, „АвтоВАЗ“ планира секој нареден месец да го зголемува производството и продажбата на автомобилот Лада Гранта Спорт, почнувајќи од пролетта кога автомобилите се најбарани.
Покрај тоа, во наредната година започнува производството на моделот Лада Калина Спорт, кој во значајна мера ќе се разликува од сегашната верзија. Овој модел ќе има модификувани суспензија и кочници и подобрен мотор, а на пазарот ќе се појави во 2014 година, вели Александар Бредихин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче