Oткриени необични гробови во Сибир

Руските археолози во сибирско село откриле необични древни гробови, пренесуваат медиумите.

Во повеќе од 10 гробови луѓето биле положувани во парови и со лицата еден кон друг, а некои дури се држеле за рака. Гробовите се стари 3 500 години и припаѓаат на бронзената доба. За прв пат научниците наоѓаат скелети погребани во парови. По мислењето на некои научници, гробовите им припаѓаат на андроновската култура која живеела во вториот милениум пред нашата ера и која се наоѓала на територијата на Сибир. Во тој период почнало формирањето на современиот облик на семејство. Можно е по смртта на мажот, жената да е убивана и погребувана заедно со мажот. Научниците се надеваат дека ќе ја решат оваа загатка по ДНК анализата.   

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња