Нова година на улиците во Москва ја дочекаа 50 000 луѓе

Главниот дочек на Нова година во Москва традиционално се организира на Црвениот плоштад.

Според податоците на МУП на Русија, на централните улици во градот, празникот го дочекале околу 50 000 луѓе. Минатата година за први јануари во центарот на Москва имало околу  90 000 луѓе. За јавниот ред и мир се грижеле 20 000 соработници на полицијата и војници на Внатрешната војска на Русија. Немало кршење на јавниот ред.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.