Советот на муфтии на Русија соопшти дека муслиманите во земјата се подготвени да пружат помош на повредените во терористичките напади во Волгоград - давајќи крв и купувајќи неопходни лекови, пренесува „Газета.Ру“.
„Советот на муфтии на Русија во име на повеќемилионската муслиманска заедница изразува најдлабоки сочувства на семејствата на загинатите. Муслиманите во Русија тагуваат со целата земја. Исламот е против тероризмот!“, се наведува во соопштението на Советот на муфтии на Русија.
Руските муслимански лидери нагласуваат дека вахабизмот не е само непријател на Русија, туку и на традиционалниот руски ислам.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче