Западните медиуми реагираа на терористичкиот напад во Волгоград, објавувајќи статии во кои се става под знак прашалник безбедноста на посетителите на Олимпијадата во Сочи.
„Повторната експлозија после само еден месец после терористичкиот напад во истиот град ја потврдува опасноста од можен напад на исламските терористи врз објектите на Зимските олимписки игри кои ќе се одржат во Сочи за помалку од шест недели“, пишува „The Telegraph“.
„Колку е безбедна Олимпијадата во Сочи?“, прашува CNN на својот Твитер профил и препорачува линк кој води до репортажа околу терористичките напади на Кавказот, регион кој се наоѓа во близина на Сочи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче