Владимир Путин изрази сочувство на семејствата на жртвите од експлозијата на железничката станица во Волгоград, а на сите повредени во терористичкиот напад им посака што побрзо опоравување, изјави портпаролот на шефот на државата, Дмитриј Песков. Тој додаде дека по указ на претседателот во Волгоград итно е упатен специјален авион од Министерството за вонредни состојби со врвни медицински стручњаци и неопходна медицинска опрема.
Истражниот комитет на Русија ја квалифицираше експлозијата како терористички напад кој го извршила жена-самоубиец. Соопштено е дека државните органи ја пронашле нејзината глава.
Според неофицијални податоци, силата на експлозијата во волгоградската железничка станица е еднаква на 10 кг тротил. На Интернет се појави снимка со експлозијата, забележана од видео камери. Според сведоштвата на очевидците, експлозијата била толку силна, што некои луѓе биле исфрлени преки прозорците на железничката станица.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче