МНР на Русија: терористичките напади во Волгоград, Ирак и Сирија имаат исти извршители

МНР на Русија пренесува дека терористичките напади во Волгоград, како и нападите во САД, Сирија, Ирак, Либија, Авганистан, Нигерија имаат заеднички извор. Ова е пренесено на интернет-страницата на Министерството за надворешни работи.

„Ние нема да се повлечеме и ќе ја продолжиме жестоката борба со непријателот кој не познава граници“, се подвлекува во пораката.

Се забележува дека терористичките напади во Волгоград се обид да се предизвика меѓунационална омраза во руското општество.

„Цинично испланираниот удар пред Нова година е само уште еден обид на терористите да отворат внатрешен ’фронт’, да предизвикаат паника и хаос и омраза меѓу националностите во руското општество“, се кажува во соопштението. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња