Прошетката по кровот на „Ермитаж“ наскоро нема да се смета за хулиганство. Раководството на музејот на посетителите и на туристите ќе им понуди специјални екскурзии за време на кои ќе можат да го разгледаат Санкт Петербург од специјалните места за набљудување на градот, лоцирани на кровот на „Ермитаж“.
„Во рамките на нашите специјални екскурзии од височина ќе може да се погледне Плоштадот на дворците или Василевскиот остров“, изјави директорот на Државниот музеј „Ермитаж“, Михаил Пиотровски.
Раководството на музејот дојде до оваа идеја после една недозволена прошетка по кровот на музејот.
Според зборовите на Пиотровски, предвидените екскурзии ќе спречат повторување на слични непријатни ситуации. Авантуристите нема да бидат заинтересирани за прошетка по кровот на музејскиот комплекс кога истата ќе стане дозволена и организирана.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче