Прогласен ден на жалост во Волгоград

На влезот во железничката станица во Волгоград се случи експлозија.

На влезот во железничката станица во Волгоград се случи експлозија. Веќе се знае за десетици загинати и повредени. Според податоците со кои располагаат органите на редот и мирот, нападот е извршен од терористка-смртничка. Од 1 до 3 јануари во Волгоград е прогласен ден на жалост.

Во 9:45 часот по македонско време на железничката станица во Волгоград се случи експлозија. Бомбата била активирана меѓу влезните врати и детекторите за метал.

Според последните податоци, 18 луѓе загинале, а 50-на се ранети.

Градоначалникот на Волгоград, Ирина Гусева изјави дека меѓу ранетите има и деца. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња