Медиуми: Кина и Русија ги обединува тактиката на „студената војна“

Иако ниту една земја денес не учествува во „студена војна“, користењето на тактиките кои произлегоа од неа пред прагот на 2014 се слични на оние на почетокот на 80-те години од минатиот век, пишува The Washington Post.

Иако ниту една земја денес не учествува во „студена војна“, користењето на тактиките кои произлегоа од неа пред прагот на 2014 се слични на оние на почетокот на 80-те години од минатиот век, пишува The Washington Post.

Понекогаш таквите тактики се прават отворено, забележува весникот, наведувајќи ги како пример системите за противвоздушна одбрана, инсталирани од Кина во Источното Кинеско море - обид да се предупредат соседите дека воено-морската флота е подготвена да биде конкуренција на САД.

Во годината која изминува Русија играше слична игра со НАТО: никакви отворени закани, но повремени потсетувања дека Русија е тука, се кажува во статијата. Минатата пролет воздушните сили на Руската Федерација имитираа напад на Шведска и се приближија до нејзиното воздушно пространство. Руските чиновници „под мустаќ“ ја предупредија Финска, ги бојкотираа продуктите од државите на Балтикот и дадоа до знаење дека Русија сака да постави или веќе има поставено ракети со голем радиус на дејство на западните граници.

Русија и Кина не ги координираат своите дејства и меѓу нема премногу топли односи, но елитите на двете земји имаат една заедничка црта - нељубовта кон институтите на либералната демократија која функционира во другите држави и решеноста да се спречи ширењето на тие институти во Москва или Пекинг.

Истите тие елити сметаат дека западните медиуми, идеите и особено западниот капитализам - за разлика од државниот капитализам - претставуваат опасност за нивното господство врз економиите на сопствените земји. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња