Во 2014 година економијата на Русија може да стагнира, претскажуваат експертите

Повеќето експерти не очекуваат од 2014 година посебно позитивни резултати за руската економија. Според прогнозата составена од агенцијата „Прајм“, според сите основни параметри новата година ќе биде полоша од годината која заминува.

Растот на БДП на Русија се очекува следната година да биде 1,4%, растот во индустријата ќе стагнира, а инвестициите ќе пораснат за 0.9%. Инфлацијата се очекува да се движи на ниво од 5,5%, а средната цена на нафтата Urals да се движи околу 105 долари за барел.

Министерството за економски развој ја оцени 2013-та година како „година на испуштени можности“. Аналитичарите не исклучуваат дека и во 2014 година ќе бидат испуштени можностите за посериозен раст - тие постојат, но дали ќе бидат целосно искористени, зависи само од дејствата на владата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња