Белорусија и Русија ќе ја одредат сумата која руската страна треба да ја плати за користење на белоруската воена база недалеку од градот Барановичи. Ова, како што јавува „Интерфакс“, го соопшти амбасадорот на Русија во Белорусија, Александар Суриков на конференцијата за новинарите во Минск.
„Русија ќе плати за користењето на белоруската воена воздухопловна база. Сумата ќе биде одредена во согласност со договорите меѓу двете земји“, изјави Суриков.
Амбасадорот изјави дека создавањето на базата ќе биде завршено во 2014.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче