На свечена церемонија на врачување на државни награди за најугледните граѓани на Русија, претседателот на Русија, Владимир Путин доби неколку интересни покани.
Директорот на Поларната поморска геолошко-истражувачка експедиција, Владимир Крјуков, кој е одликуван со Орденот на честа на Руската Федерација, го повика рускиот претседател на Антарктикот. „Морате да го посетите Антарктикот и со тоа да потсетите на присуството на Русија во тој регион“, рече Крјуков.
Филмскиот режисер Алексеј Учител на претседателот му раскажа за плановите за идниот филм. Тој изјави дека има намера да сними филм за царот Николај Втори, балерината Матилда Кшесинска и за епохата во која живееле.
Според зборовите на Алексеј Учител, во филмот ќе има масовни и спектакуларни сцени. Режисерот го повика претседателот Путин да присуствува на нивното снимање.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче