Премиерот на Ерменија: договорот за членство во Царинската унија може да биде потпишан во мај

Договорот за членство на Ерменија во Царинската унија може да биде готов во мај, изјави во петокот премиерот на Ерменија, Тигран Саркисјан.

Договорот за членство на Ерменија во Царинската унија може да биде готов во мај, изјави во петокот премиерот на Ерменија, Тигран Саркисјан.

„Таа задача стои пред 22 работни групи во кои се вклучени најдобрите специјалисти“, изјави Саркисјан на конференцијата за печатот, додавајќи дека партнерите на Ерменија во ЦУ високо го оценуваат професионалното ниво на ерменските специјалисти.

„Акцискиот план“ за стапување на Ерменија во Царинската унија е донесен на 24 декември. Пресметките на специјалистите сведочат зголемување за 4 до 4,5% на економскиот раст на Ерменија после нејзиното зачленување во Царинската унија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња