Потпретседателот на Владата на Молдавија не се согласува со одлуката на Приднестровје за воведување на законодавството на РФ

Потпретседателот на Владата на Молдавија, Евгениј Карпов изрази несогласување со одлуката која парламентот на Приднестровје ја донесе на 25 декември, а која се однесува на воведувањето на руското законодавство во оваа непризната република, пренесува ИТАР-ТАСС.

„Оваа одлука е донесена еднострано и ги нарушува договорите кои се постигнати на неодамнешното заседавање на Советот на министри за надворешни работи во Организацијата за европска безбедност и соработка во Киев, каде како основа на преговорите за решавање на конфликтот беше прифатен форматот „5+2“ (Молдавија, Приднестровје, ОБСЕ, Русија, Украина и набљудувачи од ЕУ и САД)“, истакна Карпов.

Притоа, тој изрази уверување дека „во склад до нормите на меѓународното право, Приднестровје е дел од Молдавија“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња