Азербејџан се спротивстави на зачленувањето на Ерменија во Царинската унија

Баку изрази официјален протест против стапувањето на Ерменија во Царинската унија, барем додека не биде разрешен конфликтот околу Нагорно-Карабах, пренесе во петокот агенцијата Trend, повикувајќи се на изјава на Али Гасанов, член на администрацијата на претседателот на Азербејџан.

„Зачленувањето на Ерменија во Царинската унија или било која друга структура е можно само после ослободувањето на окупираните азербејџански земји“, изјави Гасанов.

Ерменија и Азербејџан имаат судир околу Нагорно-Карабах, судир кој започна уште во февруари 1988 година,  кога Нагорно-Карабахската автономна област изјави дека излегува од составот на Азербејџанската ССР. Во септември 1991 година во центарот на НКАО беше објавено дека се создава Нагорно-Карабахска република. Официјален Баку го смета тој потег за незаконски. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња