Речиси половина (46%) од граѓаните на Русија ја одобруваат амнестијата по повод 20-годишнината од донесувањето на Уставот на Русија. 31% од граѓаните изјавиле дека се против неа, сведочат резултатите од анкетата спроведена од Левада-центар.
За ослободување на членките на панк-групата Pussy Riot се изјасниле 40% од анкетираните. Негативно кон тоа се однесуваат 28% од Русите.
Речиси половина од Русија (48%) го поддржуваат прекинот на судскиот процес кој се води околу активистите на Гринпис.
43% од Русите позитивно се однесуваат кон ослободувањето на Михаил Ходорковски, додека против тоа се изјасниле 26% од Русите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче