Воено-воздушните сили на Русија се заинтересирани за купување на новиот хеликоптер Ка-62 од компанијата „Камов“, изјави во средата за новинарите Виктор Бондарев, генерал-поручник во ВВС.
„Сметам дека ова е добар хеликоптер, па затоа ВВС радо би го користеле“, изјави Бондарев.
Според зборовите на генералот, Ка-62 може да се користи за транспортни задачи.
Новиот среден многуфункционален Ка-62 е еден од најновите разработки на холдингот „Хеликоптери Русија“. Хеликоптерот има два турбо мотори Ardiden 3G со моќност од 1.680 коњски сили.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче