Претставници од граѓанските организации бараат мораториум за ГМО во Русија

Претставници на граѓанските организации и од науката во отворено писмо до раководството на државата бараат воведување мораториум за растење на трансгенетски култури во Русија, сѐ додека не се добијат докази за нивната безбедност, се кажува во текстот на барањето.

Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев на 23 септември потпиша одлука „За државната регистрација на генетско-модифицираните организми наменети за растење и производство од добиените реколти“. Според овој документ, од 1 јуни 2014 година во Русија ќе можат да се садат генетско-модифицирани семиња.

„Поради нејасните докази и недокажаната безбедност на влијанието на ГМО организмите врз здравјето на човекот, како и врз околната средина, ве молиме да го повлечете ова решение и да воведете мораториум за растењето на ГМО култури на територијата на Русија додека не се добијат докази за нивната биолошка и еколошка безбедност, а исто така да се забрани користењето на ГМО во продуктите наменети за деца, во армијата, болниците, како и при купувањето на државни резерви“, пишува во обраќањето. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња