Во Москва е срушен температурниот рекорд стар 100 години

Температурниот рекорд, поставен уште во 1910 година, беше срушен во Москва во средата - термометрите покажаа температура од плус 3,5 степени, изјави за РИА Новости специјалист од хидрометеоролошкиот центар „Фобос“.

„Во московскиот регион денес беше забележан температурен максимум, незабележан уште од 1910 година, кога изнесувал 3,1 степен“, изјави специјалистот. Притоа, таа изјави дека времето во Москва потсетува на она од пролетта, отколку на предновогодишно. Синоптичарот изјави дека денес во главниот град на Русија може да биде поставен нов температурен рекорд.

Сите метеоролози во главниот град на Русија изјавуваат дека времето во Москва за Нова година ќе биде аномално топло. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња