Значаен дел од финансиската поддршка која Украина ја доби од Русија ќе биде искористена за модернизација на индустријата, изјави украинскиот премиер Николај Азаров.
Москва и Киев на 17 декември се договорија дека РУсија во 2013 и 2014 година ќе купи еврооблигации од Украина во висина од 15 милијарди долари. Првата транша веќе е купена. Во вторникот Украина веќе доби 3 милијарди долари.
„Овие финансии треба да ги искористиме максимално ефективно. Ниту збор не може да стане за плаќање на тековните трошоци. Овие пари ќе заминат за модернизација на индустриските капацитети. Произведувањето на технолошки конкурентна стока бара користење на највисоки технолошки линии, и тоа ќе даде долговремен ефект во оздравувањето и развојот на украинската економија“ ,изјави Азаров.
Според неговите зборови, намалените цени за рускиот гас и зголемувањето на приходот на компаниите ќе ѝ дадат шанса на Украина да започне нова индустријализација во државата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче