Авио-паркот на руските Воено-воздушни сили во 2013 година беше надополнет со дополнителни 100 нови хеликоптери, од кои 14 се хеликоптери за напад Ка-52 „Алигатор“, изјави во средата за новинарите Виктор Бондарев, генерал-поручник во ВВС.
„Во оваа година добивме 100 хеликоптери“, изјави генералот за време на посетата во компанијата „Прогресс“, која влегува во составот на холдингот „Хеликоптери Русија“.
Тој изјави дека Ка-52 ќе се најдат во составот на вооружените сили на Источниот, Јужниот и Западниот воен округ.
Бондарев забележа дека во 2014 година ќе продолжи испораката на нова техника.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче