Министерската за одбрана на Црна Гора, Милица Пејановиќ-Ѓуришиќ изјави дека ниту Русија, ниту НАТО не барале отворање на воена база во Црна Гора, и со тоа ги демантираше претходните соопштенија на локалните медиуми, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на весникот „Дневне новине“.
„Никогаш не станало збор за отворање на воени бази на други држави во Црна Гора. Никога, никој, па ни НАТО, ниту Русија бе барале отворање воени бази кај нас“, изјави министерката.
Оваа изјава е дадена после изјавите на некои медиуми дека црногорската влада и Русија ја разгледуваат можноста за отворање на пункт за материјално-техничко сервисирање на бродовите на Воената морнарица на Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче