Министерство за економски развој: Русија може да стане извозник на вода за пиење

Русија во периодот до 2030 година на светскиот пазар ќе може да извезува вода за пиење, земајќи предвид дека располага со 10% од вкупните светски резерви.

Русија во периодот до 2030 година на светскиот пазар ќе може да извезува вода за пиење, земајќи предвид дека располага со 10% од вкупните светски резерви и се наоѓа на второто место во светот според количината на овој скапоцен природен ресурс, веднаш зад Бразил. Овие податоци ги соопшти агенцијата РИА Новости, повикувајќи се на Министерството за економски развој на Русија.

На официјалната интернет-страница на Министерството за економски развој е објавен проект за со националната извозна стратегија на Русија во периодот до 2030 година. Во документот се наведува дека Русија би можела да ја прошири својата извозна база, пласирајќи на светскиот пазар производи како што се крзно, шумско зрнесто овошје, лековити билки и лешници. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња