Лукашенко: кредитот од Русија за Белорусија ќе ѝ помогне и на руската економија

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека дополнителната финансиска помош од Москва за Минск ќе го поддржи курсот на белоруската рубља, а со тоа ќе помогне не само на белоруската, туку и на руската економија.

За време на заседанието на Вишиот Државен совет на Сојузната држава кој се одржа во средата, Владимир Путин изјави дека владата на Русија донела решение да му даде на Минск дополнителни заемни средства во 2014 година во големина од 2 милијарди долари. Покасно министерот за финансии на Русија, Антон Силуанов, изјави дека средствата ќе бидат испорачани како меѓудежавен кредит во рок од 10 години.

„Благодарен сум ви што донесовте денес решение да ја поддржите економијата на Белорусија во ова тешко време“, изјави Лукашенко. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња