Трговската размена на Русија со државите од Царинската унија - 60 милијарди долари

Трговската размена на Русија со државите од Царинската унија во последните три години порасна до 58 милијарди долари, пренесува Интерфакс, повикувајќи се на изјавата на претседателот Владимир Путин.

Трговската размена на Русија со државите од Царинската унија во последните три години порасна до 58 милијарди долари, пренесува Интерфакс, повикувајќи се на изјавата на претседателот Владимир Путин.

„Ако се задржи стабилната глобална конјуктура, единствениот евроазиски пазар ќе стане еден од основните извори на раст на економиите на ’тројката’. Ова веќе не е ’надворешно’ прашање, колку што е ’внатрешно прашање’ во рамките на самата Царинска унија“, изјави Путин.

Тој исто така додаде дека за Русија Царинската унија е трет по важност пазар во светот после ЕУ и Кина. Од 2010 до 2012 година трговската размена на Русија со другите земји од ЦУ порасна од 15 на 58 милијарди долари, додаде шефот на државата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња