Русија ќе префрли 2 милиона долари на ООН за ликвидирање на сириското хемиско оружје

Заменикот министер за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков изјави дека Русија во текот на следниве неколку дена ќе префрли 2 милиона долари во ООН за ликвидирање на хемиското оружје во Сирија, пренесува РИА Новости.

„Сега сме буквално на прагот на почетокот на уништувањето на хемиското оружје. Улогата на Русија во процесот од огромна“, подвлече дипломатот, забележувајќи дека Русија веќе испорачала во Сирија 75 камиони за оваа цел.

Освен тоа, Рјабков соопшти дека на 27 декември во Москва ќе се одржи средба на експертите од Русија, САД, ООН и Сирија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.