Медиуми: Сноуден успешно ја заврши својата мисија

Поранешниот соработник на американските специјални служби, Евард Сноуден изјави дека неговата мисија е успешно завршена, пишува The Washington Post.

Поранешниот соработник на американските специјални служби, Евард Сноуден изјави дека неговата мисија е успешно завршена, пишува The Washington Post.

Во ексклузивно интервју за весникот Едвард Сноуден изјави дека „победил“ во оној момент кога новинарите добиле можност да работат со неговите материјали.

Според зборовите на Сноуден, со своите информации тој не сакал да го менува општеството, туку да му даде шанса да разбере дали му е потребна промена. Поранешниот агент изјави дека го направил тоа „за да може општеството да сфати како влијаат и управуваат со него“.

Сноуден призна дека не знаел дали јавноста ќе ги прифати неговите погледи, но осознавајќи дека единствена друга алтернатива е недејствувањето, тој решил „да го направи тоа, отколку воопшто да не прави ништо“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.