Макфол: САД изгубија 5-6 милијарди долари поради забраната за извоз на месо во Русија

Забраната за извоз на месо од САД во Русија е проблем за Вашингтон, изјави амбасадорот на САД во Москва, Мајкл Макфол.

Забраната за извоз на месо од САД во Русија е проблем за Вашингтон, изјави амбасадорот на САД во Москва, Мајкл Макфол.

„Тоа е голем проблем за нас, Ние изгубивме 5-6 милијарди долари од моментот кога оваа забрана стапи на сила“, изјави Макфол во интервју за „Комерсант“.

Освен тоа, како што додаде Макфол, претставниците на другите бизниси се сосема задоволни од соработката со Русија.

„Дури и во општествената сфера, и покрај забраната за дејност на USAID и несогласувањата околу законот за странски агенти, соработката продолжува. Продолжуваат размените на културен, спортски план, па дури и во областа на цивилното општество. Со други зборови, нашите односи се тешки, има елементи кои пречат, но доброто ниво на соработка продолжува“, подвлече амбасадорот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња