ФОМ: 44% од Русите се задоволни од работата на Државната Дума

44% од Русите се задоволни од работата на Државната Дума, сведочат резултатите од анкетата извршена од Фондот за општествено мислење.

44% од Русите се задоволни од работата на Државната Дума, сведочат резултатите од анкетата извршена од Фондот за општествено мислење.

Според анкетата, само 4% од граѓаните се целосно задоволни од работата на долниот дом на рускиот парламент.

38% од граѓаните не се задоволни од работата на Думата. Притоа, 43% од граѓаните изјавија дека во последно време  не е донесен ниту еден закон кој тие би го одобриле.

Повеќе од половина од анкетираните (57%) не ја сметаат Државната Дума за непотребен орган на власта. Со тоа не се согласуваат 24% од анкетираните, а останатите не дадоа одговор. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња