Амнестираните учеснички на панк-рок групата Pussy Riot, Марија Аљохина и Надежда Толоконикова ќе одржат конференција за печатот во Москва во петок, пренесува Интерфакс.
„Летот за Москва е планиран за четврток. Во петок во главниот град девојките ќе одржат конференција за печатот. Местото на одржување на истата не е познато“, изјави мажот на Толоконикова, Петар Верзилов.
„Надежда и Марија ќе останат во Краснојарск два дена. Таму ќе разговараат за правните проекти за кои зборува после ослободувањето“, изјави тој.
Двете девојки беа пуштени од затвор во понеделникот во рамките на амнестијата посветена на 20-годишнината од рускиот Устав.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче