Концернот „Калашников“ ќе помогне на семејството на конструкторот

Концернот „Калашников“ ќе даде помош на семејството на Михаил Калашников, кој почина во понеделникот во клиничкиот центар во Удмуртија, пренесува ИТАР-ТАСС.

Концернот „Калашников“ ќе даде помош на семејството на Михаил Калашников, кој почина во понеделникот во клиничкиот центар во Удмуртија, пренесува ИТАР-ТАСС.

Генералниот директор на концернот, Константин Бусигин изјави дека во моментов се решава прашањето за неговиот погреб.

Тој исто така ја забележа легендарноста на Михаил Калашников од гледна точка на пренесувањето на неговиот занает и знаење на новите генерации.

„Сите ние тагуваме. Секако, ние сме овде, сме биле и ќе бидеме. И секогаш со што можеме ќе помогнеме на семејството и блиските“, изјави Бусигин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.