Колку Руси воопшто не пробале алкохол?

Околу 13% од Русите постари од 15 години никогаш не пробале алкохол, изјави Светлана Никитина, началник во управата за статистика и здравје во Росстат.

Околу 13% од Русите постари од 15 години никогаш не пробале алкохол, изјави Светлана Никитина, началник во управата за статистика и здравје во Росстат.

Во анкетата извршена од Росстат зедоа учество 16.000 лица во возраст над 15 години: 43% мажи и 57% жени.

„Во последниве 30 дена 50% од анкетираните користеле алкохол, од нив 62% мажи и 40% жени. Притоа, жестоки пијалаци употребиле дури 60% од анкетираните“, забележа Никитина.

Никитина додаде дека во текот на животот 87% од анкетираните некогаш употребиле алкохол, а 13% воопшто не пијат. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња