Комитетот за законодавство при Градскиот парламент во Санкт Петербург ја поддржа резолуцијата која ја предложи пратеникот Виталиј Милонов - „За историскиот симбол на Руската Федерација - државното знаме на Руската Империја и внесување измени во Законикот на Руската Федерација за административни прекршоци“.
Како што пренесува агенцијата „Регнум“, Милонов предлага црно-жолто-белото знаме на Руската Империја да добие статус на историски симбол на Русија, како и воведување на административна одговорност за негово јавно злоупотребување. Знамето на Руската Империја често го користат националистите во Санкт Петербург.
„Црно-жолто-белото знаме е знаме на Руската Империја. Тоа беше официјалното знаме во период од 25 години, но има долга историја и големо духовно и културно-историско значење за мултинационалното општество на Русија“, се наведува во образложението на предлогот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче