Конструкторот Михаил Калашников почина денеска во 94-та година од животот во клиничкиот центар во Удмуртија, пренесува ИТАР-ТАСС.
Утрото на 23 декември дојде веста дека Михаил Калашников се наоѓа во тешка состојба.
Калашников се наоѓа во клиничкиот центар уште од 17 ноември.
Михаил Калашников е конструктор на оружје, доктор по технички науки, најславен по автоматот Калашников. Го носи звањето Херој на Русија и Херој на социјалистичкиот труд.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче