Ходорковски е против бојкот на Олимписките игри во Сочи

Ослободениот поранешен шеф на ЈУКОС, Михаил Ходорковски, изјави дека е против бојкотот на Олимписките игри во Сочи, пренесува РИА Новости.

Ослободениот поранешен шеф на ЈУКОС, Михаил Ходорковски, изјави дека е против бојкотот на Олимписките игри во Сочи, пренесува РИА Новости.

„Што се однесува до Сочи, од гледна точка дека тоа е празник на спортот, празник за милиони луѓе - не треба да се расипува тоа“, изјави Ходорковски.

Освен тоа, на прашањето каков совет би им дал на западните држави во однос на дијалогот со претседателот на Русија, Ходорковски не даде одговор. „Јас со тоа нема да се занимавам“, изјави тој.

Тој додаде дека западните политичари не треба да забораваат дека во Русија има и други политички затвореници. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња