Амбасадорот на САД им ја честита Новата година на Украинците и го критикуваше договорот со Русија

Следната година не треба да биде „година на пауза“, туку треба да биде година на придвижување напред, година на тешки избори, година кога дефинитивно треба да се определи маршрутата која ќе ја одреди економската стабилност, изјави во својата порака амбасадорот на САД во Украина, Џефри Пајет.

„Украина не може со тоа да се справи доколку владата не започне структурна борба со економските проблеми кои ги создаде економската криза. Алтернативите за новиот договор со ММФ се мали, но ако украинските власти и самите спроведат реформи, ние ќе го поддржиме тоа“, ги пренесува зборовите на амбасадорот весникот „Украинска правда“.

Тој исто така изјави дека „околу договорот со Русија се кријат многу тајни, но и последици кои можат да ѝ наштетат на економијата и безбедноста на Украина“. „Ја повикувам владата за транспарентност и целосна одговорност за зделката која е потпишана од името на украинскиот народ“, додаде амбасадорот на САД. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.