Одлуката на претседателот на Германија, Јоахим Гаук да ја откаже посетата на Зимската олимпијада во Сочи предизвика негодување кај германската канцеларка Ангела Меркел, пренесуваат медиумите.
Германската канцеларка ја налути фактот што не била известена за откажувањето на посетата. Таа за тоа дознала преку медиумите. Германските медиуми во сето тоа гледаат неажурност и пропуст кај соработниците во канцеларијата на претседателот.
Секретарката за односи со медиуми во канцеларијата на претседателот на Германија на 8 декември потврди дека посетата на германскиот претседател во Сочи е откажана, истакнувајќи дека „не постои цврсто правило дека претседател на држава треба да учествува на свечени церемонии или да присуствува на други манифестации на Зимската олимпијада“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче