Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека на Западот прекинаа да го сметаат Башар Асад за опасност, пренесува РИА Новости.
„Во неколку приватни разговори, но и во јавни коментирања, некои западни колеги искажуваат мисли дека кога терористите, муџахедините доаѓаат на власт, тие воведуваат шеријатски закони, ги тероризираат малцинствата и ги живи ги палат луѓето само затоа што веруваат во друга вера; баш поради тоа режимот на Асад и неговата власт во Сирија се гледаат како помала опасност за Сирија, отколку доаѓањето на власт на такви муџахедини“, изјави Лавров.
Претходно Лавров изјави дека државите не се толку многу загрижени со проблемот околу хемиското оружје во Сирија, туку со своето влијание во регионот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче