Пратеникот од германскиот парламент од фракцијата на „зелените“, Марилуиз Бек, изјави дека Михаил Ходорковски не планира да се враќа во Русија, пренесува РИА Новости.
„За враќање во Русија не се зборува“, изјави Бек.
Поранешниот шеф на ЈУКОС засега не соопштил дали ќе се врати во Русија, ќе остане во Германија или ќе замине во трета земја.
Изјавено е дека дозволата за престој која Ходорковски ја добил од германското МНР му дозволува престој до една година во државата.
Претходно претседателот на Русија го потпиша указот за помилување на Михаил Ходорковски. После ослободувањето, Ходорковски со приватен авион заминал во Берлин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче