Државната Дума изгласа закон за воведување на задолжителен испит по историја на Русија, руски јазик и основни на законодавството за сите странци кои ќе бараат дозвола за привремен престој, дозвола за работа или патент. Ова се пренесува на интернет-страницата на Владата.
„Постоењето на значаен број странци во општеството кои не можат да се адаптираат на културните и социјалните услови на државата предизвикува напрегнатост и тензии во општеството, со што се зголемуваат опасностите од појава на омраза на етничко ниво“, се кажува во извештајот.
Поправките во законот бараат од странците да го владеат рускиот јазик, историјата и основите на законодавството на Русија.
Висококвалифицираните специјалисти, лицата до 18 години и постарите од 60 години се ослободени од полагањето на овие испити.
Законот ќе стапи во сила на 1 јануари 2015 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче