Во Москва ќе се појават споменици посветени на сите раководители на СССР. Како што пренесува Грани.Ру, ова го изјавил Сергеј Капков, раководител на московскиот оддел за култура.
Според зборовите на Капков, станува збор за повторно поставување на претходно демонтираните споменици и меморијални табли, но и поставување на нови.
На прашањето за ставање споменик на Јосиф Сталин, чиновникот одговори дека името на тој историски деец „е овековечено во Москва“, додавајќи дека надгробниот споменик на Црвениот плоштад е сосема доволен.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче