Расмусен: руските мерки против ЕвроПРО се „џабе потрошени средства“

Генералниот секретар на НАТО, Андерс Расмусен изјави дека можните мерки на Русија против системот за противракетна одбрана - се залудно трошење пари. Ова го пренесува РИА Новости.

Генералниот секретар на НАТО, Андерс Расмусен изјави дека можните мерки на Русија против системот за противракетна одбрана - се залудно трошење пари. Ова го пренесува РИА Новости.

Тој забележа дека овој систем е од исклучително одбранбен карактер и ја обезбедува заштитата на населението од ракетни удари.

 „Нашиот систем не е насочен против Русија. Затоа е неоправдано да се преземаат противмерки против нашиот систем. Освен тоа, тоа ќе биде залудно трошење ресурси и инвестиции против вештачки непријател, непријател кој не ни постои, бидејќи ние немаме намера да ја нападнеме Русија“, изјави Расмусен. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња