Водителот на емисијата "The Tonight Show" на американскиот телевизиски канал NBC, Џеј Лено во етерот ја спореди претстојната Олимпијада во Сочи со игрите одржани во нацистичка Германија во 1936 година, пренесува Лента.ру.
Лено во својата вечерна емисија разговараше со новинарската Мередит Вијера, која ќе известува од Олимпијадата во Сочи за NBC.
Оваа репортерка изјави дека има мешани чувства во врска со претстојните игри поради законот за забрана на пропагандата на хомосексуализмот во Русија. Таа смета дека спортистите треба да се поддржуваат едни со други и да демонстрираат против овој закон.
Лено од своја страна изјави дека Русија во последно време потсетува на Германија од времето на Третиот рајх. „И во нацистичка Германија сѐ започна на ист начин, мислам, со Евреите. Тоа ме загрижува“, изјави Лено.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче